Во интервју за „Дејли
Мејл“, поранешниот бугарски напаѓач, Димитар Бербатов, вели дека и покрај
новиот стадион на Спарси, полуфинале во Лигата на шампионите, како и константно
дел од врвот во Премиерлигата, би го избрал Манчестер јунајтед.
„И денес би бил
Манчестер јунајтед мојот избор, се работи за амблемот, историјата на клубот,
големите фудбалери кои минале низ тој клуб во минатото, Олд Трафорд, водечката
сила која тие ја имаат“ вели тој на прашањето што би сторил доколку денес би
бил фудбалер на Тотнем а добие понуда од Манчестер јунајтед во вакви услови.
„Добро, можеби
многумина би се зачудиле, би рекле Спарси играат во Лигата на шампионите, нов
стадион, прекрасен тренинг центар, подобри фудбалери… Но, на крајот јас сепак
би го избрал Манчестер јунајтед“ додава Бугаринот и се осврна на Маурицио
Покетино, аргентинскиот фудбалски стратег од клупата на тимот од Лондон кој
ужива голема доверба, а станува збор за доста ценет тренер ширум европските
гиганти.
„Понекогаш,
морате да излезете од вашата комфорна зона, дури и да се плашите од
консеквенциите, потребно ви е тоа за да се тестирате самите себе, а Покетино би
требало да биде тренер на Манчестер јунајтед“ додаде Бербатов кој сега е
амбасадор на „Бетфер“.