Минаа цели девет
години откако Карим Бензема го облече дресот на Реал Мадрид, изминатиов период
е доста тежок за шпанскиот гигант кој ќе мора да размисли како понатаму,
особено ако се оствари најавуваното заминување на Роналдо во Јувентус.
Францускиот
напаѓач со една емотивна порака на социјалните мрежи го проследи својот голем
јубилеј, многумина различно ја толкуваат оваа порака, но, барем засега, е
одбележување на јубилеј од страна на Бензема.
„Пред девет
години прв пат го облеков дресот на Реал Мадрид. Му благодарам на
претседателот, на целиот клуб, играчите и тренерите со кои соработував. Горд
сум што играм во овој дрес и вечно ќе бидам благодарем на довербата“ напиша
Бензема.
Hace 9 años me ponía por primera vez la camiseta del @realmadrid Gracias al presidente, a todo el club y los jugadores Y a todos los entrenadores con los que coincidí. Orgulloso de defender este escudo y eternamente agradecido siempre #HalaMadrid pic.twitter.com/wgxDZ7BvFI
— Karim Benzema (@Benzema) July 9, 2018
Изминатиов период
се шпекулираше дека Бензема би можел кариерата да ја продолжи во Наполи, а
воедно да соработува со Карло Анчелоти, наводно италијанскиот прволигаш е
подготвен да издвои 40 милиони евра за 30 годишниот напаѓач.