60
28 годишниот
Дарио Бенедето е фудбалерот за кого денес ќе се зборува многу во Буенос Аирес,
напаѓачот беше херој во победата на својата екипа синоќа со два гола, со што се отвори патот
за аргентинската екипа за место во големото финале од овосезонската Копа
Либертадорес.
Веројатно немаше
подобар начин за Бенедето да ги крене на нозе илјадниците фанови на Ла
Бомбоњера во 88. минута откако постигна фантастичен погодок за победа од 2-0…
Дали ќе имаме
можност да проследиме мега дерби помеѓу Бока и Ривер во големото финале
останува да видиме, опција секако е да проследиме бразилска пресметка, но, за
тоа ќе сочекаме до реваншите кои се предвидени да се одиграат следната седмица.