Бендтнер нема да се жали, сега само треба да одбере кога ќе ја одработи казната и дали ќе одлежи зад решетки или дома

by
1 минути читање

Поранешниот
голгетер на Арсенал и сегашен член на Розенборг, Никлас Бенднер на почетокот од
овој месец беше осуден на 50 дена затвор за инцидентот кој го предизвика во
Копенхаген во септември кога му ја скрши вилицата на еден таксист.

Адвокатот на
Никлас Бендтнер веднаш најави дека ќе се жалат, но обвинителството денеска на
Твитер соопшти дека фудбалерот решил да ја повлече жалбата со што пресудата
стапува на сила.

„Никлас не се
сложува со пресудата, но одлучи што поскоро да го заборави овој случај и да се
фокусира само на клубот и семејството“
– кратко порача неговиот адвокат Андерс
Немет за данските медиуми.

Сега останува
Никлас Бендтнер да одлучи кога ќе ја одработи казната и дали ќе одлежи зад
решетки или дома. Розенборг последниот меч го игра на 2. декември, а ноата
сезона почнува во март 2019, па за очекување е во овој период напаѓачот да ја
одработи казната.

Со оглед на тоа
дека казната е помала од шест месеци, законот му овозможува на Никлас Бендтнер
да не замине зад решетки и да побара да ја одлежи казната дома носејќи алка за
мониторинг на ногата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани