Белоти со хет-трик го сруши Палермо, Интер со „петарда“ во мрежата на Каљари (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Илија Несторовски и Палермо доживеаа нов пораз, попладнево загубија на гостувањето кај Торино.

Клубот од Сицилија имаше предност по првиот дел благодарејќи на убавиот гол на Рисполи.

Но во вториот дел на сцена стапи првиот стрелец на Торино, Андреа Белоти.

Напаѓачот во периодот од 74. до 81. минута постигна хет-трик и на домаќините им донесе победа од 3-1.

Интер со убедлива победа од 1-5 се враќа од гостувањето кај Каљари.

Перишиќ го отвори резултатот во 34. минута а Бенега зголеми на 0-2 пет минути подоцна.

Бориелно намали на 1-2 пред крајот на полувремето, но тоа беше се што направија домаќините.

Перишиќ на стартот од вториот дел одново се запиша во листата на стрелци за 1-3, Икарди погоди за 1-4 во 67. минута, а конечните 1-5 ги постави Гаљардини во финишот од средбата.

Удинезе го сопре налетот на Јуве и одигра 1-1, Џенова со 0-2 славеше на гостувањето кај Емполи, а на средбите Кротоне-Сасуоло и Аталанта-Фиорентина немаше погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани