Фудбалерите на Реал Мадрид претрпеа пораз од Арсенал (3-0) на првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.
Иако претрпеа убедлив пораз, сепак во Мадрид веруваат дека е можен кам-бек против ривалот од Англија. Џуд Белингем на прес-конференцијата даде свое мислење за она што следува.
„Ова е натпреварувањето на Реал Мадрид, неговата историја. Иако загубивме 3-0, луѓето веруваат дека можеме да се пласираме понатаму. Вакво нешто се случува само во овој клуб. Способни сме да одиграме на високо ниво, мора да веруваме во себе. Зборот ремонтада го слушнав оваа седмица барем милион пати. Тоа нè мотивира, станува збор за вечер како креирана за Реал Мадрид. На нашиот стадион владее неверојатна и заразна атмосфера, потребни ни се навивачите“, кажа Англичанецот.
Реал Мадрид е најтрофеен тим во натпреварувањет бидејќи го освојуваше петнаесет пати. Во многу наврати низ историјата „кралевите“ се враќаа од бездната водени од неверојатната енергија.