Белингам го сруши Јувентус, Реал остана перфектен, Челси и Ливерпул „пукнаа петарди“ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Реал Мадрид славеше во дербито на колото од Лигата на шампионите против Јувентус со 1-0.

Беа подобар противник „кралевите“ во најголем дел од натпреварот, но и Јувентус имаше свои шанси кои не ги искористи, па мораше да се помири со поразот.

Влаховиќ и Опедна ги пропуштија најголемите шанси за „старата дама“, додека Реал до победата дојде со голот кој го постигна Белингам во 58-та минута по ударот на Винисиус кој заврши во стативата.

Реал со овој триумф дојде до третата победа во исто толку натпревари од стартот на најелитното европско натпреварување, додека Јувентус уште ќе чека на првата победа по двете нерешени средби. За Јувентус ова беше и вкупно седми натпревар во сите натпревари во кој остана без победа.

На останатите средби убедливи победи забележаа Челси над Ајакс со 5-1, Ливерпул со истиот резултат го доби Ајнтрахт на гости, додека Баерн дома го совлада Клуб Бриж со 4-0.

Средбите Аталанта – Славија Прага и Монако – Тотнем завршија без голови, а Спортинг со 2-1 се радуваше со Марсеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×