Бејл си тера инает, Велшанецот не сака по секоја цена да си замине од Реал Мадрид

by
1 минути читање

„Сан“ во текот на
вчерашниот ден извести дека Тотнем би можел да го врати Герет Бејл во своите
редови и тоа на позајмица во висина од 10 милиони евра, на идентичен начин како
позајмицата на Хамес Родригез во Баерн Минхен.

Зинедин Зидан
јасно стави дознаење дека 29 годишниот Велшанец не е во неговите планови за
идната сезона, а денес „Дејли Мирор“ пренесе дека Бејл, кој има важечки договор
со Кралскиот клуб уште три години, одбива да биде „изнесен“ од Сантијаго
Бернабеу.

Наспроти тоа,
Велшанецот би си заминал од Реал Мадрид само доколку станува збор за опција
која е дел од европските елитни клубови.

Навивачите на
Реал Мадрид неколку пати ставија јасно дознаење дека не го посакуваат Бејл
повеќе во редовите на нивниот омилен клуб, упатувајќи му свирежи од
гледалиштето оваа сезона.

Манчестер
јунајтед од поодамна се споменува како опција за Бејл, а од друга страна,
интерес за неговите услуги има и од Франција, поточно од ПСЖ и Лион. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани