„Каталонците“ сакаат да ангажираат нов голгетер кој ќе може да го одмори Луис Суарез а во иднина и да го наследи Уругваецот во форот. Се говори дека вакво засилување останува на агендата и покрај можноста Антоан Гризман да пристигне на Камп Ноу.
Последните информации велат дека Барселона доставила конкретен предлог до Селта за услугите на Макси Гомез. Шампионот на Шпанија понудил 25 милиони евра, што е двојно помалку од откупната клаузула на играчот (50 милиони евра), па клубот од Виго одговорил негативно.
Селта е подготвена за преговори зошто верува дека ова лето е идеално за продажба на 22 годишниот голгетер, но за неговите услуги бара најмалку 40 милиони евра. Уругваецот во своите први две сезони во Европа постигна 30 погодока, па со своите игри го привлече вниманието на неколку клубови, помеѓу кои и Ливерпул.