87
Шпанската радио станица „Кадена СЕР“, тврди дека Барселона не е веќе во трката за Де Лихт откако капитенот на Ајакс ја оценил нивната понуда за незадоволувачка.
Во трка останаа Јувентус, ПСЖ и Баерн Минхен кои имаат подобри понуди од Барселона за дефанзивецот.
19-годишниот дефанзивец се очекува наскоро да го одбере својот нов клуб иако тоа може да се одолговлечи бидејќи негов агент е Мино Рајола кој сака да го извади максимумот од секој трансфер во кој тој учествува.