Барселона од пенал во 96. минута се спаси од пораз, Баерн и Атлетико веќе мислат на четвртфинале! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Ефикасна вечер е зад нас во Лигата на шампионјите во која беа постигнати дури 15 погодоци на три натпревари.

Мрежите на „Сент Џејмс Парк“ мируваа помеѓу Њукасл и Барселона мируваа се до завршницата кога Хави Барнс во 85. Минута по едно нафрлување од десната страна ја смести топката во мрежата и погоди 1-0 и изгледаше дека домашниот состав ќе обезбеди предност за реваншот.

Сепак, Барселона во последните секунди доби пенал кој во гол го претврои Јамал за 1-1.

Баерн Минхен одигра уште еден доминантен натпревар во кој ја прегази Аталанта со 6-1 и така практично уште сега си ја заврши работата за пласман во четвртфиналето. Германскиот гигант против италијанците постигна по три гола во двете полувремиња, стрелци во првото беа Станишиќ, Олис и Гнабри, додека во вториот дел стрелаа уште Џкесон и Мусила, а втор погодок постигна Олис.

Ефикасно беше и во Мадрид каде што Атлетико го совлада Тотнем со 5-2 и тешко е да се верува дека лондонскиот клуб може да се врати во реваншот. Избраниците на Диего Симеоне по 20-тина минјту иигра веќе водеа со 4-0 со головите на Љоренте, Гризман, Алварез и Ле Норманд, додека пред паузата мрежата на Шпанците ја затресе Педро Поро.

Алварез по десетина минути игра во второто полувреме попстигна и петти гол, додека Соланке во 76. минута ги постави конечните 5-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×