Барселона не се откажува за Вилијан, има нова понуда за Челси

by
1 минути читање

Барселона не се
откажува од намерата да стигне до потписот на искусниот фудбалер од средниот
ред на Челси, Вилијан, а наводно Каталонците подготвуваат нова понуда за
Премиерлигашот, во која би бил вклучен и Малком.

La Sexta пишува
дека во летниот преоден рок Барселона имала четири неуспешни обиди за да го
ангажира 30 годишниот офанзивец, а последната од истите изнесувала 60 милиони
евра.

Се вели дека
Бразилецот е голема желба на шефот на стручниот штаб на Каталонците, Ернесто
Валверде, а Малком веќе извесен период се шпекулира дека е на излезна врата од
Камп Ноу, откако тој речиси и да не доби прилика за докажување во тимот каде
направи трансфер изминатото лето, и тоа од Бордо, иако трансферот во Рома веќе
беше договорена работа, но, во последен момент „се јави“ Барселона.

Од претходно
наведениот медиум пренесуваат дека Барселона нема дилеми во тоа дека Вилијан
има голема вредност на трансфер пазарот, можеби истата достигнува и до 80
милиони евра, но, подготвени се да ја исплатат само половина од таа сума, а
додатно во понудата да го вметнат и Малком.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани