Барселона го договори фудбалерот на ПСЖ кој беше изоставен од Дешам за Мундијалот?

by
1 минути читање

Адриен Рабио за
момент донесе скандал во францускиот фудбал откако го одби повикот на
селекторот Дидје Дешам да се најде помеѓу патниците на Светското првенство во
Русија, но како евентуална замена за 23-та веќе одбрани фудбалери, неговиот потег не наиде на воодушевување кај тамошната јавност.

23 годишниот
фудбалер од средниот ред на ПСЖ, има договор со францускиот првак до идното
лето, не постојат никакви најави дека ќе има продолжување на соработката, а
постојат најави за негово заминување од Париз уште ова лето, а потоа и преселба во
Барселона.

Шпанскиот печат
пишува дека Каталонците веќе ги договориле личните услови на фудбалерот, а
минатата седмица од Ел Мундо Депортиво извести дека челници на Барселона и од
ПСЖ веќе имале разговори околу Рабио.

Според
неофицијалните информации, се вели дека ПСЖ би се согласил на обештетување од
околу 40 милиони евра за својот фудбалер, сума, која во моментов не би имале
ништо против, барем според тоа како стојат работите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани