Барселона го декласира Њукасл за четвртфинале во ЛШ! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Барселона одиграа брутален натпревар и со убедливи 7-2 (3-2) го декласираа Њукасл во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Каталонците тргнаа фуриозно и поведоа преку Рафиња уште во 6. минута, но гостите возвратија со гол на Ентони Еланга. До паузата се играше отворено, па Барса преку Марк Бернал повторно дојде до предност, а Еланга со својот втор погодок донесе ново израмнување. Во финишот на првиот дел, по ВАР интервенција домашните добија пенал, а истиот го реализира Ламин Јамал за 3-2.

Во второто полувреме следеше целосен потоп на англискиот тим. Фермин Лопез погоди за 4-2, а потоа на сцена стапи Роберт Левандовски кој со два брзи гола ја запечати судбината на гостите. Конечните 7-2 ги постави повторно Рафиња по грешка на одбраната на Њукасл.

Со оваа убедлива победа Барселона обезбеди пласман во четвртфиналето, каде ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Тотнем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×