Барселона ќе има сериозни кадровски проблеми пред првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Њукасл.
Каталонскиот клуб официјално потврди дека четворица фудбалери нема да бидат во конкуренција за овој дуел. Станува збор за Алехандро Балде, Жил Кунде, Андреас Кристенсен и Френки де Јонг.
Сите четворица ќе го пропуштат првиот натпревар од осминафиналната пресметка, што претставува сериозен удар за плановите на тренерот пред важниот европски дуел. Барселона ќе мора да бара алтернативни решенија во одбраната и средниот ред, бидејќи токму на тие позиции отсуствуваат клучни играчи. Останува да се види дали некој од нив ќе биде подготвен за реваншот.
Средбата се игра во вторник во 21:00 часот на „Сент Џејмс Парк“.