Барса во офанзива по Иско, играчот на маса има конкретна понуда

by
1 минути читање

Иско не е
задоволен од малата минутажа на Сантијаго Бернабеу па размислува за следниот
чекор во кариерата и идеата да замине од Реал Мадрид, па неколку клубови
внимателно ја следат неговата ситација.

Се шпекулира дека
и Барселона сака да го види Иско во своите редови, веќе е остварен контакт и
играчот на маса има понуда од „Каталонците“.

Во договорот на Шпанецот
со Реал има „анти Барса“ клаузула и тој може да се пресели на Камп Ноу само во
2018.

Па за да седи
мирен и да чека, Барселона на Иско му ветила 20 милиони евра, сума која ќе биде
исплатена во текот на неговот пет годишен договор со „Каталонците“.

Ваквите вести ги
соопшти добро упатениот новинар Диего Торес во разговор со РАК 1, и тој исто така
додава дека Иско се уште нема одговорено.

Одлуката е тешка
бидејќи Иско не само што ќе биде „новиот предавник“ по Луис Фиго, туки и ризикува
следната сезона да ја помине на клупата или надвор од тимот и тоа токму пред мундијалот во Русија.

Иско во моментов
е дел од плановите на селекторот на Шпанија, Хулен Лопетеги за СП 2018, но
сигурно ситуацијата ќе се промени доколку тој не игра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани