Барселона и
Јувентус утревечер ќе ги одмерат силите во последното коло од групната фаза во
Лигата на шампионите, а Каталонците досега во конкуренцијата „Г“ запишаа пет
максимални победи, Јувентус една помалку од ривалот.
Јасно е дека
големите љубители на фудбалот со нетрпение го очекуваат дуелот Лионел Меси –
Кристијано Роналдо на теренот, како едно мало потсетување на нивните претходни
меѓусебни дуели кога Португалецот играше во дресот на лутиот ривал на
Каталонците, Реал Мадрид, а атмосферата веќе се загрева.
Барселона имаше
една доста интересна објава на социјалните мрежи со која алудираше на тоа дека
Меси е најдобриот на сите времиња, тема која постојано е во тек помеѓу
љубителите на фудбалот.
Објавата на
Барселона од една страна е одлична за тоа што очите на љубителите на фудбалот
ќе бидат вперени кон дуелот на овој неверојатен двоец, меѓутоа јасно се
забележува кому му е доверен епитетот „GOAT“ (во превод: најдобриот на
сите времиња) на самата
фотографија.