Барса сепак може да купува играчи од Ливерпул, ама за да го стори тоа ќе треба да плати „дебела“ премија од 100 милиони

by
1 минути читање

Синоќа Кадена Сер
пренесе дека „Каталонците“ нема да можат да купат играч од Енфилд во следните
две сезони. Ваква клаузула била договорена кога Барселона во јануари 2018 го
купи Филипе Кутињо од Ливерпул за 120 милиони евра, плус 40 милиони евра во
бонуси.

Сега на оваа вест
се надоврзаа медиумите од Англија. Неколку весници попладнево објавија дека
шампионот на Шпанија сепак може да пазари од „Црвените“ под еден услов..

Доколку Барса
сака да купи играч на Ливерпул пред 2020, најпрво ќе мора да плати „дебела“
премија од 100 милиони евра а потоа обесштетувањето за играчот. Со вакви
услови, практично станува невозможно „Каталонците“ да тргнат по играчи од типот
на Мохамед Салах и Роберто Фирмино со кого се поврзуваа изминатиов период.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани