813
Барса веќе го ангажираше Френки де Јонг и е во напредни преговори за потпис со Матајс де Лихт, но шопинот во Амстердам би можел да продолжи.
Како што пренесува Мундо Депортиво, на агендата на „каталонците“ е и 22 годишниот Дони ван де Бек, кој со своите одличните партии и неколкуте клучни погодоци во Лигата на шампионите го привлече вниманието на голем број клубови помеѓу кои Реал Мадрид, Баерн Минхен, ПСЖ, Милан, Борусија Дортмунд, Тотнем и Наполи.
Весникот вели дека младиот Холанѓанец во моменот е само под опсервација, но лесно може да се случи да се повтори 1988 година, кога Барселона во ист преоден рок донела три засилувања од Реал Сосиедад па и ова лето тројца фудбалери на Ајакс да завршат на Камп Ноу.