По серијата лоши
резултати, Барса им се врати на победите но „Каталонците“ доживеаја пех откако
го загубија Лео Меси.
Вечерва на Камп
Ноу гостуваше Севиља и домаќините одлично го отворија мечот. Со голот на Кутињо
во 2. минута поведоа со 1-0, а десет минути подоцна Меси погоди за 2-0.
Сепак Аргентинецот потоа незогдно падна на раката и мораше да биде заменет.
Оваа повреда како да ги исфрли двата тима од ритам па за нов гол се чекаше дури
до 63. минута кога Суарез од пенал зголеми на 3-0.
Сарабија во 79.
минута намали на 3-1, но Барса не дозволи противникот да се врати во игра и
Ракитиќ во 88. минута ги осигура трите бода. До крајот на мечот, Муриел само ги
постави конечните 4-2.
Претходно,
Виљареал и Атлетико Мадрид одиграа 1-1, а со овој резултат заврши и пресметката
помеѓу Валенсија и Леганес.