Барса и Атлетико почнаа преговори за Гризман, првичниот план беше да се активира откупната клаузула, но…

by
1 минути читање

Се чинеше дека воопшто нема да има преговори меѓу Барселона и Атлетико Мадрид. Во јули откупната клаузула на Гризман се намалува од 200 на 120 милиони евра и се претпоставуваше дека Каталонците само ќе ја активираат и ќе го ангажираат.

Но, „Л’Екип“ пишува дека двете екипи почнале преговори а намерата е да се намали висината на оштетата од 120 милиони евра со вметнување на фудбалер на Барселона во зделката.

Симеоне го сака Нелсон Самедо и сака тој да биде вклучен во договорот.

Според францускиот весник, Гризман ќе потпише петгодишен договор со Барселона за плата од 17 милиони евра по сезона, тоа е сума помала од неговата плата во Атлетико Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани