Барса до 87. минута губеше од Рајо Ваљекано и на крајот успеа да победи! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона дојде до тешки три бода против тимот на Столе Димитриевски кој од клупата го проследи овој натпревар.

Каталонците одлично го почнаа натпреварот, поведоа со гол на Суарез уште во 11. минута од натпреварот.

Но Рајо Ваљекано најпрво во 35. минута преку Поцо го изедначи резултатот, а во 57. минута со голна Гарсија направи комплетен пресврт за водство од 2-1.

Тој резултат беше актуелен се до 87. минута кога Дембеле даде гол за изедначување на 2-2, но Барселона продолжи да напаѓа барајќи го целиот плен.

Во 90. минута Луис Суарез со својот втор гол на натпреварот прави пресврт и носи победа на Барселона од 3-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани