71
Енис Барди по
преселбата во Леванте се промовираше во еден од најдобрите изведувачи на
слободни удари во Шпанија и Европа. Иако изминатава сезона не ги тресеше толку
често противничките мрежи, неговата мајсторија против Хетафе е избрана за
најубавиот гол од слободен удар во 2018/19.
Македонецот до
ова признание стигна во жестока конкуренција во која секако беше и Лео Меси. Покрај
Аргентинецот, во топ 5 се најдоа и Кристијан Тељо, Бењат и Рубен Алкараз.