Бамфорд во една изјава открива како Алиоски го трола својот „другар“ Пепе

by
1 минути читање

Арсенал во недела
на домашен терен го пречекува Лидс во рамките на 24 коло од англиската
Премиерлига, откако претходно обете екипи ремизираа во меч без погодоци, а
нашиот интернационалец Езгјан Алиоски веројатно одигра клучна улога.

Пепе се огласи по инцидентот со Алиоски и црвениот картон

Како за
потсетување, Македонецот во воведните минути од второто полувреме изнуди црвен
картон за Пепе, или поточно во 51 минута, откако доби удар во главата по една
кратка расправија, а по разгледување на снимката од таа ситуација со помош на ВАР
технологијата, Ентони Тејлор го испрати Николас Пепе предвреме во
соблекувалната.

Се чини дека 28
годишниот Алиоски едвај чека да дојде недела, за што тврди и напаѓачот и негов
соиграч од Лидс, Патрик Бамфорд во интервју за официјалниот клупски сајт.

Морам да
издвојам нешто, Алиоски во соблекувалната ми рече дека едвај чека да дојде
недела
“ откри Бамфорд говорејќи за победата против Кристал Палас минатото коло
од 2-0 на свој терен.

Јас за момент се
зачудив, се запрашав зошто е тоа така, а тој додаде дека ќе игра повторно
против неговиот другар Пепе
“ додаде напаѓачот, алудирајќи на тоа дека
популарниот „Џани“ го трол фудбалерот на Арсенал, нарекувајќи го и како другар.

Кога сме веќе кај
Лидс, тимот од „Еланд Роуд“ е на одличен пат да обезбеди опстанок во елитното
друштво сезонава откако се врати по пауза од цели 16 години, во моментов е на
десетото место на табелата, а нашиот Алиоски на 20 настапи успеа да запише и
два погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×