24фудбал

Пепе се огласи по инцидентот со Алиоски и црвениот картон

Николас Пепе се огласи на социјалните мрежи по синоќешниот инцидент по кој со глава го удри Езгјан Алиоски и доби црвен картон, фудбалерот од БСК испрати извинување до фановите, согирачите, тренерот и сите во Арсенал.

Англија

Николас Пепе предвреме го заврши дуелот помеѓу Лидс и Арсенал, напаѓачот со глава го удри нашиот Езгјан Алиоски. Судијата Ентони Тејлор во прв момент не го забележа инцидентот, но со помош на ВАР му покажа црвен картон на гостинскиот играч.

Фудбалерот од БСК попладнево се огласи на социјалните мрежи, вели дека жали за потегот и испрати извинување до фановите, соиграчите, тренерот и сите во Арсенал.

„Синоќа го оставив тимот на цедило, нема оправдување за моето однесување. Длабоко жалам и сакам да им се извинам на фановите, соиграчите, тренерот и сите во клубот“ – гласеше пораката на Инстаграм.