Балотели потпиша за Монца, познато е колку ќе заработува во втора лига

by
0 минути читање

Монца ја
официјализираше соработката со Марио Балотели. Откако изминатиов викенд Адриано
Галијани откри дека си подале рака со контроверзниот напаѓач, вечерва пристигна
и потврда.

„Марио Балотели
ја засили Монца, стави потпис на договор до 30. јуни 2021 година“
– гласеше известувањето.

Според пишувањата
на медиумите, Марио Балотели ќе заработи 400.000 евра за настап во втората лига
на Италија. Во неговиот договор ќе има и бонуси поврзани со бројот на настани,
голови и промоција во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×