Бакајоко го опцу Гатузо на сред натпревар, Рино му порача: Ќе видиш после во соблекувална! (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Французинот
предизвика нова тензија. Откако во средата еден час задоцни на тренинг и поради
него цел тим беше казнет со карантин во траење од пет дена, Тимуе Бакајоко
вечерва влезе во конфликт со Џенаро Гатузо на клупата.

Откако Биља се
повреди на средината од првото полувреме, Џенаро Гатузо му нареди на Тимуе
Бакајоко да влезе во игра. Но на Французинот му требаше многу време да се
загрее, па тренерот на Милан го загуби трпението и во игра го внесе младиот
Хосе Маури.

Потоа следуваше
расправија помеѓу двајцата, Гатузо му покажа на Бакајоко дека треба да стави
прст на главата и добро да размисли, а фудбалерот му одговри со „од*еби“ човеку“.

Последниот збор
го имаше Рино, кој му порача: “Ќе видиш после во соблекувалната“.



Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани