Баерн подготвува трансфер бомба, ќе руши рекорди за наследникот на Хари Кејн!

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува Билд, Баерн Минхен сонува за ангажман на Ерлинг Халанд како наследник на Хари Кејн, „баварците“ се подготвени да рушат рекорди за ангажман на Норвежанецот.

Баерн Минхен е во преговори со Хари Кејн за продолжување на соработката и се очекува двете страни да си подадат рака за нов договор до 2029 година.

Но како што пренесува Билд, раководството на „баварците“ уште сега креира планови за живот без Англичанецот.

Весникот вели дека шампионот на Германија сонува за ангажман на Ерлинг Халанд како наследник на Хари Кејн за две или три години.

Баерн Минхен е подготвен да руши рекорди за ангажман на Норвежанецот, и може во иднина да добие значителен финансиски прилив.

Имено, се шпекулира дека бизнисменот Макс Висман сака да купи 5% од акциите на Баерн во зделка вредна околу 250 милиони евра, со што вредноста на клубот би достигнала околу 5 милијарди евра, и во касата на клубот би влегла сериозна сума.

Ерлинг Халанд, инаку не е непознато име за „баварците“, гигантот од Минхен се обиде да го ангажира Норвежанецот во 2022 година, кога тој беше член на Борусија Дортмунд, но на крајот тој се реши за трансфер во Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×