Баерн ќе ја искористи опцијата да го купи Хамес Родригез, но само за веднаш да го продаде на Атлетико Мадрид?!

by
1 минути читање

„Колчонероси“
летоска ќе останат без половина тим, па Атлетико Мадрид е во потрага на
засилувања. Вицешампионот на Шпанија се поврзува со голем број на имиња, а
синоќа во емисијата „Ел Чирингито“ беше објавено дека Хамес Родргиез е на
листата со желби.

Според новинарот
Едуардо Инда, веќе е скроен план како да се изигра Реал Мадрид. Баерн Минхен ќе
треба да ја искористи опцијата да го купи Колумбиецот за 42 милиони евра, и
потоа веднаш да го продаде играчот на Атлетико Мадрид за 60 милиони евра.

Во истата емија,
новинарот Еду Агире пак ја оспори оваа информација и појасни дека „баварците“
немаат намера да ја активираат опцијата бидејќи самиот Хамес им соопштил дека не сака да продолжи во Минхен, па фудбалерот летоска ќе се врати на Бернабеу.

Тој додава дека сепак
има простор за трансфер на Хамес Родригез во Атлетико бидејќи Колумбиецот го
обожава Мадрид, а со оглед на тоа дека нема иднина во Реал, може да ја прифати
понудата на „црвено-белите“ и да изврши притисок врз „кралевите“ да се реализира зделката.

За услугите на
Хамес Родригез интерес пројавуваат уште некоку клубови како ПСЖ, Јувентус и
Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани