Азар може да стане најплатениот фудбалер во историјата на Челси

by
1 минути читање

Ѕвездата на Челси
беше поврзуван со трансфер во Реал  Мадрид,
но, самиот Белгиец стави крај на сите шпекулации поврзани со него изминатиот
период со тоа што истакна дека е среќен на Стемфорд Бриџ и не бара начин да си
замине од клубот.

Азар се уште нема
ставено потпис на нов договор со Челси, а извесно е дека Сините од Лондон веќе
имаат поставено приоритет во периодот кој претстои за целосно ги решат дилемите
со иднината на офанзивецот.

Се шпекулира дека
Челси повторно ќе седне на преговарачка маса со 27 годишниот фудбалер околу
продолжување на соработката, се шпекулира дека Азар кој моментално заработува
225 илјади евра неделно, во иднина би заработувал 300 илјади евра неделна
плата, а со тоа би станал најплатениот фудбалер во клупската историја.

Информациите кои
пристигнуваат од Островот велат дека на Азар не му се брза, па така го чека
најдобриот момент за конечно да ги разреши и официјално, со потпис, сите дилеми
околу неговата иднина со Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани