Азар го пропушти последниот тренинг, веројатно ќе го пропушти и Барнли

by
1 минути читање

Челси би можел
втор меч во низа да игра без својата прва ѕвезда во тимот, Еден Азар, Белгиецот
беше вон комбинација за настап против БАТЕ Борисов во Лига Европа, а извесно е
дека ќе отсуствува и во недела.

Белгиецот го
пропуштил последниот тренинг на екипата одржан вчера (петок), а со тоа под
голем знак прашалник останува дали ќе биде во комбинација за составот кој
Маурицио Сари ќе го изведе на теренот против Барнли во редовното десетто коло
од Премиерлигата.

Се обидуваме да
го решиме овој проблем, не е толку лесно
“ рече Сари на пресконференцијата пред
мечот со белорускиот состав кој Премиерлигашот го доби со 3-1 на домашен терен.

Азар се здоби со
повреда на дербито со Манчестер јунајтед кое на Стемфорд Бриџ заврши со
резултат 2-2, иако го одигра целиот меч, забележливи беа болните гримаси во
неколку ситуации од средбата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани