Реал Мадрид веќе го договори трансферот на Еден Азар од Челси за сума од околу 100 милиони евра. Се очекува зделката официјално да биде потврдена по завршувањето на финалето од Лига Европа кога Белгиецот ќе го има последниот настап во синиот дрес.
Второто големо засилување од Премиерлигата треба да биде Пол Погба.
Според „Л’Екип“, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед ќе се договорат за обесштетувањето, но проблем се личните услови на фудбалерот.
Погба сака плата од 15 милиони евра годишно, а Реал Мадрид не сака да го прифати тоа бидејќи би се нарушила структурата на плати во клубот.
Извор од Реал Мадрид за францускиот весник открил дека ако дојдат Нејмар или Мбапе може да добијат највисока плата во клубот, но не и Пол Погба.