Гранит Џака ги
одигра сите 90 минути во дербито со Тотнем кое Арсенал го загуби на гости со
2-0, а тоа беше уште едно големо разочарување за фановите на Арсенал кои очајно
сакаат подобрување во играта на својот омилен тим.
Џака беше немоќен
во средината од теренот, а не успеа да помогне во налетите на Сон и Кејн кои
уште еднаш потврдија дека се еден од најдобрите напаѓачки тандеми во фудбалска
Европа, а разочарани од изданието на Швајцарецот, дел од навивачите на Арсенал
ги загубија нервите, па го вперија прстот во него.
„Нивото на Џака е
за Аугсбург“ напиша еден навивач на социјалните мрежи, па следеше и една доста
интересна реакција од страна на германскиот прволигаш.
„Почитувајте не’“
одговорија од Аугсбург, алудирајќи на тоа дека за нив тоа е нешто слично на
понижување.