107
Атлетико Мадрид имаше можност со победа да се искачи и на првата позиција во Примера, но не успеа во тоа откако не го победи Леганес.
Во првото полувреме домашниот тим беше подобар, имаше повеќе шанси за гол, но мрежите мируваа во првите 45. минута.
Со почетокот на вториот дел Атлетико Мадрид тргна многу поофанзивно кон голот на Леганес и во 69. минута преку Гризман од слободен удар дојде до водство од 1-0.
Но на осум минути пред крајот домаќините со помалку среќен гол на Кариљо и лоша интервенција на Облак дојде до изедначување на 1-1.
До крајот на мечот Атлетико Мадрид се обидуваше да го врати водството но не успеа да го направи тоа.