228
Фудбалерите на Атлетико Мадрид се соочија со неочекувана непријатност пред вечерашниот дуел со Арсенал во Лигата на шампионите.
Имено, по официјалниот тренинг на еден од најмодерните стадиони во светот, фудбалерите на шпанскиот тим останале без можност да се избањаат бидејќи во соблекувалните немало топла вода.
Инцидентот предизвика брза реакција од делегацијата на Атлетико, која веднаш поднесе жалба до УЕФА, додека фудбалерите биле приморани да се истушираат дури по враќањето во хотелот.
Дуелот меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид ќе започне вечерва во 21:00 часот.