Ремзи бил несреќен бидејќи никој од клубот директно не му ги објаснил причините зошто ја повлекле понудата за нов долгогодишен договор по месеци преговори.
Агентот на Ремзи преку медиумите минатата недела изјави дека се надева дека некој од клубот ќе им каже зошто ја повлекле понудата.
Според „Скај Спортс“ во текот на изминатиот викенд клубот го повикал Ремзи на состанок и му објасниле зошто нема да го продолжат договорот со него.
Фудбалерот сега е свесен дека по 10 години поминати во Арсенал од следната сезона ќе игра за друг клуб. Во дресот на топчиите тој има 341 настап и постигнато 59 голови.
Ваквиот потег на Арсенал се оценува како лош бидејќи во денешно време кога цените на фудбалерите се огромни, тие по нивна волја ќе загубат еден важен фудбалер бесплатно. Многумина сметаат дека можеа да му го продолжат договорот на Ремзи, па во летниот преоден рок да го продадат со цел да заработат на негово заминување.