Арсенал испратил
понуда вредна 40 милиони фунти за офанзивецот на Кристал Палас, Вилфред Заха,
пренесе „Скај Спортс Њус“, како и да е, нема да бидат лесни преговорите со
Кристал Палас, особено по заминувањето на Арон Ван-Бисака.
Кристал Палас
може да се пофали дека може добро да ја наполни клупската каса ова лето,
Ван-Бисака стана член на Манчестер јунајтед по трансфер во висина од 50 милиони
фунти, а тимот од Лондон е на прагот да реализира уште една добра продажба.
26 годишниот Заха
силно се поврзува со трансфер во Арсенал ова лето, се верува дека тој посакува
да остане во Лондон и да игра во европските натпреварувања, тоа секако би можел
да го реализира во дресот на Топчиите, кои идната сезона ќе бидат дел од Лига
Европа.
„Скај Спортс Њус“
додава дека Кристал Палас не сака да го продаде Заха за сума под 80 милиони
фунти, што е двојно повеќе во однос на понудата од Арсенал, а Манчестер
јунајтед поседува 25% од неговата евентуална следна продажба, токму од Олд
Трафорд тој премина во редовите на Кристал Палас во 2015. година.
BREAKING: Arsenal have today bid £40million for Crystal Palace winger Wilfried Zaha, Sky Sports News understands
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 1, 2019
Во изјава за
истиот медиум, братот на Вилфред, Жудикаел посочи дека тој секогаш ќе го носи
Кристал Палас и неговите фанови во срцето, додавајќи дека сонот му е да игра за
Арсенал.