Еден од клубовите
во водечката петорка на Аргентина, Сан Лоренцо, испрати барање до тамошната
лига за повеќе да немаат натпревари под рефлектори, а сето тоа поради многумина
ограбени фанови откако истите го напуштаат стадионот.
Сан Лоренцо
играше на Nuevo Gasometro арената
од 1993. година, но, долго посакуваат да се вратат на нивната претходна арена
во соседството, а тој пак им беше одземен од воената влада во 1970-тите години.
Нивната битка за
да дојдат до посакуваната идеја и натаму трае, аргентинскиот тим се уште игра
во соседството на Бахо Флорес, кое се издвојува како најопасната зона од
регионот на Буенос Аирес.
data-lang="en">COMUNICADO | A raíz de los robos que vienen sufriendo
nuestros hinchas en las inmediaciones del estadio, sobre todo después de los
encuentros nocturnos, el Club le solicitó nuevamente a la SAF que nunca más
designe en esa franja horaria un partido que #SanLorenzo
juegue de local. pic.twitter.com/ifB1AC6yEb—
San Lorenzo (@SanLorenzo) October
25, 2018
„Поради многуте
кражби кои нашите фанови ги претрпеја околу стадионот во ноќните натпревари кои
ги имавме, клубот уште еднаш бара повеќе да не игра натпревари под рефлектори“
стои во дел од нивното барање по мечот со Сан Хуан кој го добија со 2-1, но истиот
го играа ноќе, каде повторно се случија кражби.