152
Новинарот на британскиот „Стандард“, Дејвид Линч бил импресиониран од атмосферата во Белград и покрај тоа што бил на многу натпревари низ Англија и другите земји.
„Навивачи… Уоу! Најдобрите кои некогаш сум ги видел“, напиша Дејвид Линч по натпреварот.
„Ливерпул ја плати цената за ужасното прво полувреме. Немаше шанси да се вратите против ваков противник и пред оваа публика. Покрај се негативно во играта на Ливерпул, треба да се одаде признание за Звезда и да се признае дека тие заслужено победија“.
Славјето на Маракана траеше со часови по завршувањето на мечот кој навивачите на Црвена звезда секогаш ќе го паметат.