Англичаните „полудеа“ во ЛШ: Дадоа 19 гола ова коло!

by 24 фудбал
1 минути читање

Англиските клубови го доминираа третото коло од Лигата на шампионите со неверојатна ефикасност. Тимовите од Премиер лигата постигнаа вкупно 19 гола, повеќе од сите останати во Европа.

Челси и Ливерпул блеснаа со по пет погодоци во своите натпревари, Арсенал постигна четири, Њукасл три, а Манчестер сити два. Единствен премиерлигаш кој не успеа да ја затресе мрежата беше Тотнем, кој остана без погодок.

Формата на англиските клубови покажува дека Премиерлигата повторно има најсилни претставници во Европа, со офанзивен фудбал кој доминира на континентот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×