Англичаните си легнаа на брашното, ВАР во Премиерлигата од следната сезона

by
1 минути читање

Англичаните беа
најголеми противници на видео технологијата, но и тие си легнаа на брашното и
прифатија дека ВАР е иднината и покрај тоа што системот понекогаш знае да донесе конфузија.

Клубовите денеска
начелно постигнале договор за употреба на ВАР во Премиерлигата од
следната сезона и наскоро ќе испратат формално барање до ФИФА и Меѓународната
фудбалска асоцијација.

ВАР изминативе
години на островото функционираше само како проект и беше употребуван на
мечевите од Лига Купот и ФА Купот. Оваа сезона се користи и во Премиерлигата но
само како тест и нема никакво влијание врз одлуките на теренот.

Откако на
денешната средба на клубовите им биле презентирани резултатите од овие тестови
и искуствата од употребата на ВАР во Лига Купот, ФА Купот како и останатите
првенства ширум светот, било одлучено дека е време и тие да се приклучат на
трендот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани