Анализите покажаа, голот на Несторовски е регуларен, судиите погрешија! (ФОТО и ВИДЕО)

by
2 минути читање

Македонецот вчера
од мртов агол го совлада Шчесни во 5. минута од средбата, но неговата радост
кратко траеше, голот беше поништен поради офсајд.

Првиот впечаток беше дека погодокот е оправдано поништен, но деталната
анализа на Скај Спорт покажува дека судиите погрешиле.

Во прв момент се
чинеше дека Алесами го проигрува Несторовски, и поради ова Македонецот е во
фсајд.


Сепак, судиите
направиле пропуст и не забележале дека долгата топка која беше упатена во
шеснаесетникот стигна до Илија Несторовски без претходно да ја допре Алесами.

„Несторовски не
беше во офсајд бидејќи Алесами не ја допре топката. Требаше да биде 1-0 за
Палермо
– стои во
анализата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани