1,2K
Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим застана во одбрана на Андре Онана кој беше виновникот што тимот не победи на гостувањето во Лион.
Онана киксна и при двата примени гола во мечот кој заврши 2-2. Па по натпреварот Аморим беше прашан што мисли за партијата на голманот.
„Онана? Ако ја гледате сезоната, јас направив повеќе грешки од фудбалерите во изминатите месеци. Се случува“, вели Аморим.
„Може да се случи кога играте фудбал и тоа многу натпревар, тогаш правите и грешки“.
„Кога еден фудбалер ќе направи грешка, целиот тим прави грешка, продолжуваме така“.
„Дали се уште му верувам на Онана? Ќе продолжиме да работиме напорно и да напредуваме“.