Аморим го загуби трпението со Онана, ќе го седне на клупа!

by riste
1 минути читање

„Дејли Мејл“ пишува дека Рубен Аморим планира да го седне Андре Онана на клупата за резерви за неделниот натпревар против Њукасл.

Португалскиот стратег досега ги толерираше киксовите на Онана и му даваше поддршка, но мечот против Лион ја прели чашата.

Манчестер јунајтед и двата гола во Франција ги прими по грешки на Онана.

Според англискиот медиум, Аморим решил да го седне Онана на клупата и како прв голман да го стави Турчинот, Алтај Бајиндир.

Дали оваа информација на „Дејли Мејл“ е од вистински извор ќе се дознае во недела кога ќе почне натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани