Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим бил шокиран кога Андре Онана на првиот ден од подготовките за новата сезона побарал нов договор и поголема плата.
Иднината на Андре Онана на „Олд Трафорд“ е под голем знак прашалник, Камерунецот изминатите две сезони правеше многу киксови, па Mанчестер јунајтед ова лето бараше нов голман и во последниот ден од преодниот рок го ангажираше Сене Ламенс.
До овој момент никој посериозно не загриза, но „ѓаволите“ и понатаму бараат купец за Андре Онана во земји како Турција и Саудиска Арабија, каде трансфер пазарот се уште е отворен.
Медиумите од Англија сега откриваат нови информации за статусот на голманот, и објавија дека Рубен Аморим бил шокиран од едно барање на Камерунецот.
На првиот ден од подготовките за новата сезона, Андре Онана побарал нов договор и поголема плата.
Тренерот останал зачуден со оглед на тоа дека голманот игра под очекувањата. Тој дополнително се налутил откако Андре Онана веднаш се повреди, и заедно со своите соработници се прашувале што ли правел Камерунецот на одморот за да се врати во толку лоша форма.