Нејмар никако да блесне со сиот свој сјај во дресот на ПСЖ, и повредите влијаат на тоа, но веројатно и неговиот карактер. Неговиот сонародник и соиграч Дани Алвеш зборува за Нејмар во дел од едно поголемо интервју.
„Не бев шокиран кога Нејмар ја напушти Барселона. Тој сакаше да се докаже себе си како фудбалер без Меси да биде до него во тимот“, вели Дани Алвеш.
„Сега е во транзиција бидејќи не ги има резултатите кои ги сака. Тој е многу обеседнат со тоа и секогаш сака да е на врвот. Кога не е е несреќен. Мора да го искористи одморот кој му претстои за да размисли што треба да направи со цел да биде поголем фудбалер отколку што е и достигне поголемо место отколку на кое е сега“.
„Дали е среќен во Париз? Не е, се додека не ги има резултатите кои ги сака не може да биде среќен. Но тој ќе остане во Париз, би можел да се обложам во Ајфеловата кула дека ќе остане“.
Запрашан дали Реал Мадрид ќе му се јави на Нејмар, Алвеш одговори на шега: „Ако од Реал Мадрид ми се јават и ме побараат мене, ќе им кажам не. Ако ми се јават и го побараат Нејмар, повторно ќе им кажам не. Но Реал Мадрид им се јавува на многу играчи, па нема да бидам изненаден ако го побараат“.
Алвеш смета дека егото во Барселона би претставувало проблем за враќање на Нејмар на Камп Ноу.
„Мислам дека е многу тешко Нејмар да се врати во Барселона. Луѓето во Барса нема ни да сакаат да сфатат дека тој им е потребен. И тоа е проблем, не можете да стигнете никаде ако сте водени од вашето его. Не можете да дозволите егото да ви го диктира вашиот живот. Барселона го има тој проблем и тие нема да препознаат дека имаат потреба од него. Во спротивно кој тим не го сака Нејмар? Сите го сакаат Неј“.