1,9K
Напаѓачот на Аргентина, Хулијан Алварез вели дека Бразил имал среќа што Лео Меси поради повреда го пропушти натпреварот, во спротивно ќе примеле уште 2-3 гола.
„Гаучосите“ утрово со убедливи 4-1 го совладаа Бразил, му нанесоа тежок пораз на лутиот ривал и се пласираа на мундијалот во 2026.
Пред почетокот на натпреварот, па и на самиот натпревар, имаше многу провокации и кошкање помеѓу фудбалерите, а зајадливите коментари продолжија и по крајот на натпреварот.
Хулијан Алварез, кој го отвори резултатот во 4. минута, ги „дотолчи“ Бразилците и порача: „Ќе им дадевме уште 2-3 гола ако играше Лео Меси“.
Првата ѕвезда на Аргентина не настапи на овој натпревар поради ситна мускулна повреда.