150
Алисон се поврзуваше со неколку клубови и сите беа гиганти, но го одбра Ливерпул. Една од главните причини за тоа е атмосферата која ја почувствувал на Енфилд кога Рома гостуваше во полуфиналето од Лигата на шампионите.
„Да, тоа имаше влијание за мојата одлука“, потврди Алисон за официјалниот сајт на Ливерпул.
„Кога носите важна одлука како оваа тоа не е само одлука да го промените клубот, тоа практично ви го менува целиот живот, животот на мојата фамилија, мојата сопруга и ќерка“.
„Тој натпревар дефинитивно имаше влијание“.