879
Барселона втора година по ред е елиминирана откако на Камп Ноу победува со три гола разлика, нешто што предизвикува голем сеир на социјалните мрежи и воопшто во светот на фудбалот.
Лани ја победија Рома со 4-1 дома, загубија на Олимпико со 3-0. Оваа сезона го победија Ливерпул со 3-0 на Камп Ноу, на Енфилд беа поразени со 4-0.
И на Олимпико и на Енфилд мрежата ја чуваше Алисон Бекер и не дозволи Барселона да даде гол. Лани беше херој на Рома, сега е на Ливерпул.