„Црвените“ се во
потрага на нов голман по двете катастрофални грешки на Лорис Кариус во финалето од
Лигата на шампионите и нивниот избор падна на Алисон од Рома.
Јирген Клоп нема
да штеди за да го донесе Бразилецот на Енфилд и вчера пристигна потврда дека
Алисон Бекер потпишал.
Но тоа беше само
добар „трол“ од актерката Алисон Бекер која има исто име и презиме со голманот
на „Римската волчица“.
„Можам да
соопштам дека ќе бидам нов голман на Ливерпул“ – напиша на Твитер актерката од
САД и насамари доста навивачи.
Excited to announce that I will be joining Liverpool as a goalkeeper!
— alison becker (@thealisonbecker) July 17, 2018
Сепак, фановите
би можеле наскоро да добијат потврда за трансфер на правиот Алисон Бекер. Неколку ивори од
„Островото“ и Италија велат дека Ливерпул во вторникот испратил понуда до Рома вредна 70
милиони евра, која веднаш потоа била покачена на 75 милиони евра и била прифатена.
Сега двата клуба ги договараат деталите, односно начинот на кој ќе биде платена оваа сума и структурата на бонусите. Се говори дека „Црвените“ веќе прават планови за медицинските прегледи на Бразилецот и официјална потврда ќе стигне во скоро време.